03 Мај, 2024
0.0306

„Селфито“ не е причина за убиството во Закинтос-полна флаша во глава и „мрак на очи“

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Еден од осомничените за претепување до смрт на Американецот во Закинтос во петокот (денеска) ќе даде исказ пред истражен судија, вели неговиот бранител Зора Добричанин Никодиновиќ.

Таа, како вели, вчера допатувала на Закинтос и го посетила Ранковиќ во притвор.

„Веднаш од аеродромот отидов во полиција и речиси три часа разговарав со Душан и ја подготвував одбраната. Односот на полицаецот и кон мене и кон него беше феноменален“, рекла адвокатката.

Таа меѓутоа напоменала дека правата на странците во постапката кај нив во Србија значајно подбро се почитуваат отколку во Грција, бидејќи досега во списите на предметот не постои ниту еден документ на српски јазик иако одбраната инсистирала на тоа, а е во согласност со Европската конвенција за човекови права.

Добричанин вели дека нејзинот грчки адвокат кој е во постапката од првиот ден е многу колегијален и заедно со него ја подготвува одбраната.

По разговорот со браниелот Добричанин пренела дека кобната ноќ се почнало не поради банално селфи, како што е претставувано досега, туку, како вели, покојниот Американец со полна флаша го гаѓал и удрил во глава Душан Ранковиќ по средина на челото.

„Од силниот удар флашата се разбила, му нанела уште неколку повреди по лице од што на него му „паднал мрак на очи“- целата глава му била облиена во крв, и како последица на тоа добил потрес на мозокот“, навела адвокатката, додавајќи дека и девојката, со српско потекло, која била покрај во клубот исто така обилно крварела.

Спред нејзини зборови, се што следи потоа може да се опише со зборовите „во погрешно време на погрешно место“.

Тројца Срби ќе се бранат од слобода со кауција од 500 евра

Српски медиуми пренесоа и дека на тројца државјани на Србија обвинети за убиството кое се случи на Закинтос им е одобрено да се бранат од слобода, со кауција од по 5000 евра.

Тие како што јавија грчки медиуми, со чартер лет ќе допатуваат денес во Белград.

Петмината уапсени, меѓу кои е и еден Грк, еден Србин од Босна со британски пасош и тројца српски државјани, добија притвор од почетокот на судењето.

Тие ќе бидат префрлени во затвор во местото Авлон околу 50 км оддалечени од Атина.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот