28 Април, 2024
0.0251

Серија од Лансет обезбедува повеќе докази дека доењето го спасува животот – УНИЦЕФ

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Нова серија на научни трудови штотуку издадени од Лансет обезбедува докази дека подобрувањето на практиките на доење може да го спаси животот на над 820.000 деца годишно, при што 9 од 10 од нив се доенчиња на возраст под 6 месеци.

Поинтензивното доење може да спречи речиси половина од епизодите на дијареја и една третина од респираторните инфекции - две водечки причини за смртност кај децата под 5-годишна возраст.

Научните трудови на Лансет, исто така, покажуваат дека со секоја година на доење, ризикот кај мајката да развие инвазивен рак на дојката се намалува за 6 отсто. Сегашните стапки на доење веќе спречуваат речиси 20.000 смртни случаи од рак на дојката секоја година, бројка што може да се удвои со подобрување на практиките на доење. Подолгиот период на доење е поврзан и со намалување на појавата на рак на јајниците.

„Инвестирањето во доењето има значително влијание врз здравјето на жените и децата и врз економиите како на богатите, така и на сиромашните земји“, рече шефот на УНИЦЕФ за исхрана Вернер Шултинк.“ Серијата обезбедува клучни докази за тоа дека доењето е камен-темелник за преживувањето, здравјето, растот и развојот на децата, и придонесува за попросперитетна и одржлива иднина.“

Серијата на Лансет ги потврдува животоспасувачките придобивки од доењето за жените и децата во земјите со низок, среден и висок доход, вели УНИЦЕФ.

Доењето ја намалува смртноста кај децата во земјите со висок доход. Тоа е поврзано со намалување од 36 отсто на случаите на ненадејна смрт кај доенчињата и со речиси 60-отстотен пад на најчестите цревни болести кај недоносените доенчиња. Детето што се дои подолго има и намален ризик од добивање прекумерна тежина или од дебелина подоцна во животот.

Серијата на Лансет открива дека губењето на когнитивните способности поврзано со недоење, а што влијае врз потенцијалот за заработување, изнесува 302 милијарди долари годишно. Земјите со низок и среден доход губат над 70 милијарди долари годишно, додека земјите со висок доход губат над 230 милијарди долари годишно поради ниската стапка на доење.

УНИЦЕФ соопшти дека големиот број предности во врска со здравјето на мајките и децата, како и со потенцијалните економски придобивки, треба да ги поттикне владите да воведат политики и програми за заштита, промовирање и поддршка на доењето.

Ова е особено важно за вработените мајки. Иако предвременото враќање на работа ги намалува шансите на мајката да дои, во околу 60 отсто од земјите, породилното отсуство не стигнува до препорачаниот минимум на МОТ од 14 недели платено отсуство. Кога доилките ќе се вратат на работа, на нивните работни места нема погодости за тие да дојат или да се измолзуваат.

Шултинк од УНИЦЕФ го повтори заклучокот на Лансет дека подобрувањето на стапките на доење е основен двигател при постигнувањето на повеќе од Целите за одржлив развој, особено на оние поврзани со здравјето, опстанокот и образованието на децата.

„Доењето е најприроден, најекономичен, најеколошки и најлесно достапен начин што го знаеме за на сите деца, богати или сиромашни, да им обезбедиме најздрав почеток на животот“, рече тој. „Со него сите се победници и затоа треба да стане приоритет.“

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг