СЕВЕРНА КОРЕЈА: Од Америка ќе се браниме само со нуклеарно оружје
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2017
Народот во Северна Кореја ќе се заштити од САД само со нуклеарно оружје, а Северна Кореја ќе продолжи да ја развива технологијата, изјави заменик претставникот на Северна Кореја при ОН, Ким Ин Рон.
Тој вели дека народот во оваа земја ќе го заштити својот суверенитет само со нуклеарно оружје.
Потсети дека во јули е усвоена резолуција за санкции против Северна Кореја.
Дипломатот вели дека земјите кои ја поддржале оваа резолуција се излажале дека ќе го забават нуклеарниот потенцијал на земјата.
Севернокорејскиот лидер уште во 2012 година објави дека располага со нуклеарно оружје, но многу експерти оваа информација ја земаа со резерва и ја сметаа за пропаганда.
Но, таен документ покажува дека земјата навистина има нуклеарно оружје.