ШАХПАСКА ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА ГРАДИНКИТЕ: Строго почитувајте ги протоколите, бројките на заразени деца и вработени не се загрижувачки
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на состанок со директорите на детските градинки, на која се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки.
На состанокот, кој заради пандемијата од КОВИД 19 се одржал онлајн и на кој учествувале околу 70 директори, се констатирало дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот, а потврда за тоа се и бројките на позитивни случаи на КОВИД 19, на вработени и деца кои не се загрижувачки.
„Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството, децата, е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од секојдневието и обезбедување на безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од КОВИД 19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата“, објаснила Шахпаска.