10 Мај, 2024
0.0324

Шеќеринска: „Криволак“ ќе носи повеќе пари со членството на Македонија во НАТО

Објавено во: Економија 06 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Полигонот за вежбовни активностио „Криволак“ преку издавање ќе носи повеќе пари во македонската економија со членст5вото на нашата земја во НАТО. Ова го тврди министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на воениот полигон каде свечено беше затворен меѓународниот „Летен кампус 2018“, на кој учествуваа 11 држави.

„Полигонот Криволак е еден од капацитетите кои Македонија ги има да ги понуди и на НАТО и на нашите партнери. И досега сме изведувале заеднички вежби со неколку земји од регионот и со неколку земји со кои имаме партнерства. Меѓутоа нашето членство во НАТО ќе стави поголем акцент и на оваа можност. Ова ќе ни ја даде шансата да ја претставиме Македонија како земја која не бара, туку и земја која што има што да понуди. И уште оваа година, ќе имате прилика и во текот на јули да видите дека еден дел од специјалните сили на Америка ќе водат заеднички вежби, тука на Криволак. Очекуваме во текот на оваа година, ова лето да имаме дополнителни американски војници кои се присутни во регионот, да вежбаат заедно со македонските војници“, рече Шекеринска.

Криволак важи за еден од најголемите и најдобрите по услугите што ги нуди, во Југоисточна Европа. Полигонот има неколку типови на сместување, и тоа капацитети од тврда градба-465, континјер-388, бунгалови-70, места за шатори-2.700. 

Цените за сместување за странци се движат од 900 денари во апартман од тврда градба и 450 денари на ден во соба од тврда градба до 180 денари за сместување во монтажен континјер. Финалните цени зависат дали во услугата за сместување влегуваат и други услуги, како на пр. храна. Од тоа зависат и цените и за другите услуги кои се нудат. Воениот полигон Криволак има 10 стрелишта, на кои истовремено можат да вежбаат околу 2.000 лица. За изнајмување на стрелиште, странците плаќаат 300.000 денари на ден или 50.000 денари за час.Полигонот располага со осум вежбалишта за различни типови на вежби, во урбани и селски услови. За странците изнајмувањето на вежбалишта за еден ден чини 180.000 денари, а за час 30.000 денари. 


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили