Шест здравствени работници се заразиле од морбили
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2019
Шестмина здравствени работници од Клиниката за детски болести се заразиле со морбили, oбјави Сител. Четири од нив се лекари на специјализација, една медицинска сестра и вработен на шалтер. Малите сипаници кои се проширија во сите скопски општини не го поштедија и медицинскиот персонал. Од Детска за Сител потврдија дека заразените биле невакцинирани или делумно заштитени со само една доза од вакцината. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна.
-Биле во директен контакт со заболени дечиња или со такви со респираторни инфекции кои биле во период на инкубација вели др. Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.
На Детска клиника изминатите денови направиле анкета меѓу сите вработени и 21 лице вчера примило МРП вакцина.