Шиповиќ: Жерновски не заслужува да влезе во ЦО на СДСМ
Објавено во: Македонија 26 Март, 2018
На вчерашниот состанок, Централниот одбор на СДСМ беше проширен и доби нови членови. Помеѓу новите членови се најде и поранешниот градоначалник на општина Центар и лидер на Либерално-демократска партија, Андреј Жерновски.
Ваквата одлука ја прокоментира поранешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, сметајќи дека Жерновкси не ја заслужува таа позиција.
„Баш ме интересира со што Жерновски го задужи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработување 5 ЛДП од кои 2 на раководни функции, 7 СДСМ сите курири, заврши ли некому работа? Сослуша ли некого? Напротив, се однесуваше со толку потценување кон и за членовите на СДСМ Центар. А да, имаше мерак за шетање по светот со општински пари“, напиша Шиповиќ на својот фејсбук профил.
Освен Жерновски, во ЦО на СДСМ влезе и Чедомир Саздовски и Костадин Костадинов. Саздовски во овој состав на Парламентот влезе како член на партијата ГРОМ, дел од поранешната владејачка коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. До неговото преминување во ГРОМ, Саздовски беше долгогодишен член и функционер на СДСМ, поточно претседател на ОО на СДСМ во Кисела Вода.