03 Мај, 2024
1.5654

Шпигел: ЕУ планира санкции против Македонија

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Земјите-членки на ЕУ започнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува германскиот магазин Шпигел а пренесува Дојче веле.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции“, изјавил еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“,
„Голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите-членки и на институциите поради долготрајниот политички ќорсокак во земјата“.

Од парламентарните избори во декември минатата година, политичките сили во земјата неуспешно се обидуваат да формираат нова влада. Иако социјалдемократите имаат мнозинство заедно со партиите на етничките Албанци, досега претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да им даде мандат за формирање влада.

Германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на Европските народни партии во Малта го предупредила поранешниот македонски премиер Никола Груевски да престане со блокадата на формирањето на новата влада“, пишува германскиот магазин.

Според Шпигел, се планираат два вида санкции против Македонија. Забрана за патување и блокирање на сметки за одредени македонски политичари. А се размислува и за кратење на претпристапната помош – пари кои Македонија ги добива во рамките на подготовките за членство во ЕУ.

Минатата недела, и американскиот Стејт департмент се закани со санкции за македонски политичари кои го блокираат демократскиот процес во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?