12 Мај, 2024
0.0247

Штајнмаер: Тажен ден за Европа и Велика Британија

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер го изрази своето разочарување од резултатите од референдумот во Велика Британија.

Според конечното пребројување на гласовите противниците на членството во ЕУ добија 51,9% од гласовите. Речиси 16,8 милиони Британци гласале за Брегзит, а околу 15,7 милиони против заминувањето.

„Веста од Велика Британија е навистина отрезнувачка. Изгледа денеска е тажен ден за Европа и Велика Британија"- напиша Штајнмаер на официјалниот Twitter профил на германското Министерство за надворешни работи.

Денеска се очекува и официјално соопштение на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Потоа е закажана и средба на лидерите на главните европски институции  на ЕК, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск.

Уште не е јасна политичката судбина на британскиот премиер, Дејвид Камерон. Пред гласањето тој беше категоричен дека ќе ја напушти функцијата, ако Британците го поддржат Брегзит.

Едно од лицата од  кампањата за напуштање на ЕУ - Метју Елиот, коментира за Ројтерс дека Камерон треба да остане и да го заврши процесот по заминувањето на Велика Британија.

По изненадувачкиот резултат од референдумот  веќе избиваат националистичките расположенија. Пред неколку дена екстремнодесничарскиот лидер во Франција, Мари Ле Пен изјави дека ќе свика сличен референдум во Франција. Претходно и националистот, Герт Вилдер побара референдум за членството на Холандија во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена