29 Април, 2024
0.0237

Што стои зад една од најуспешните промотивни туристички кампањи „I ♥ NY“?

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите иконски туристички кампањи во светот е „Го сакам Њујорк“ (I ♥ NY), која цели да ја промовира државата и истоимениот град.

Во 70-тите години на XX век нивото на криминал во Големото јаболко е на многу високо ниво, а туризмот е полош од било кога. Во 1975 година претседателот Форд одбива федерална помош за помагање на Њујорк, за да го спаси од банкрот, а во 1977 година се случува една од најголемите несреќи со електрична енергија во градот, која доведува до масовни грабежи, подметнување пожар и до над 4500 притвори. Како резултат на негативните настани, градот се претвора во непривлечна туристите дестинација. Њујоршкиот американски департмент за економски развој ја пазари рекламната агенција „Велс Рич Грин“, за да создадат успешна рекламна кампања за промоција на туризмот и посетеноста на Големото јаболко.

Рекламната агенција составува неколку референци на кампањата. Го измислуваат слоганот - „Го сакам Њујорк“, создаваат мелодии и телевизиска реклама во која фокусот е ставен на Бродвеј. Но има еден проблем - недостасува лого. Тогаш се појавува Милтон Глејзер, чие портфолио до моментов го вклучува портретот на Боб Дилан, дизајнот на списанието „Њујорк“ и дизајнот на ресторанот на Светскиот трговски центар. Глејзер е избран од американскиот департмент за економски развој и се среќава со „Велс Рич Грин“, за да разговараат за опциите за лого за кампањата за рекламирање на Њујорк.

За време на средбата Глејзер зема од џеб скинато парче хартија на кое додека се вози во такси нацртал нешто. На задната страна на ковертот, тој го создал логото што денес сите го препознаеме. Откако идејата му допаѓа на „Велс Рич Грин“, тој се залага да ја доразвие. Глејзер работи на проектот без апсолутно никаква плата, а само во името на преродба на славата на својот град.

Главна фигура во тимот, што ја развива кампањата „I ♥ NY,“ е Кетрин Капота. Во книгата „Мисли како жена, дејствувај како жена“ таа им дава совети на жените како успешно да се изградат себеси како успешен бренд, и го споделува наученото од своето лично и професионално искуство. Капота раскажува за дел од предизвиците со кои се соочува додека работи на кампањата „I ♥ NY“, како и за добрите примери кои ги гледа:

„Кога Филис Сурф Вагнер дојде во рекламната агенција, моментот беше тежок, бидејќи гувернерот Хју Кери, кој беше покровител на кампањата, го заврши својот мандат.

Филис беше исклучителна во прибирање на средства за поранешниот градоначалник Ед Коч, кој беше кандидат за гувернер. Но Коч не победи, му отстапи на Марио Куомо. Загрижени беа дека може да ја изгубат кампањата, бидејќи промената на високо ниво на управување секогаш е ризик за рекламната агенција.

Филис вклучуваше многу од женските стратегии во создавањето на своите мрежи. Таа играше „посредник“, поврзувајќи ги луѓето кои мислат дека можат да имаат заемна корист од познанства. Ги поддржуваше контактите, испраќаше ракописни забелешки и често им се јавуваше на телефон само за да провери како се. Понекогаш им даваше мали подароци, ситни за цена, но промислени - како рецепт, статија или книга која мислеше дека ќе му се допадне на тој што му ја подарува. Друга моќна алатка која Филис ја користеше, беше организирање на забави, на кои ги покануваше деловните партнери, политичари, писатели и луѓе од медиумскиот свет. Беа нешто посебно!

Во почетокот новиот гувернер и неговиот тим не беа дел од мрежата на Филис и се грижеа за развојот на кампањата. Бавно и постепено, сепак таа си создаде линкови на сите нивоа со новата администрација на Њујорк. Дури ги информираше владините лидери со познати личности како Френк Синатра и Хенри Кисинџер, кои беа меѓу лицата на кампањата.

Со заеднички напори екипата на „Велс Рич Грин“ ја развива и создава една од најуспешните туристички рекламни кампањи, а приходите од стоки (маици, чаши и сл) со лого на Глејзер генерираат милиони долари годишно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти