Силен земјотрес во Грција со епицентар во близина на островот Крф
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2020
Во југозападните
делови на Македонија, односно во Охрид, Ресен, Битола, рано утринава е
почувствуван земјотрес.
Според податоците од сизмолошките центри, земјотресот кој бил со јачина од 4.4 степени според Рихтер, ја погодил соседна Грција, односно бил на длабочина од 5 километри со епицентар во близина на островот Крф.