03 Мај, 2024
0.0276

Силвана Ристевска, SCIENTIX амбасадор: Природните науки се проект на иднината!

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Светот е она што мислите за него, затоа мислете различно, мислете поинаку со диоптрија на освојување на нови знаења и искуства и успехот е загарантиран ,а животот полн со предизвици и промени- вака својата научна и професионална филозофија на полето на природните науки ја објаснува  професорката Силвана Ристевска- која три години е SCIENTIX амбасадор за Македонија во европското семејство на наставници и предавачи по природни науки. Оваа функција вели ја разбира како мотив повеќе да се осознаат новите напредни технологии кои се применуваат во образовниот систем во делот на едукацијата за природните науки чиешто истражување во европски па и во домашни рамки се следи со посебен интерес.

Ристевска предава биологија и природни науки во битолското основно училиште “Стив Наумов”. Професијата за неа е вистинско задоволство бидејќи со максимално вложување во нови истражувања, експерименти во училницата, лабораторијата но и со дополнителна  и збогатена наставна програма преку неформално образование вели им помага на учениците да ги совладаат овие науки кои години наназад беа главоболка за учениците.  Тврди   дека ако во минатото предметите како биологија и хемија, а сега веќе и новиот предмет природни науки биле едни од најтешко совладливите, денес нејзините ученици бележат позитивни оценки и први награди на општински, регионални  и државни натпревари, што покажува сериозен исчекор кон совладување на нови знаења. На почетокот на месецов таа беше дел од 14 –та Scientix & NextLab работилница во “Училницата на иднината” во Брисел. Искуствата стекнати таму  се од огромно значење за развојот и унапредувањето на начинот на презентирање, предавање и изучување на предметите.

“Овие искуства се од непроценливо значење за мене како просветен работник, за колегите наставници како и за учениците.Оваа работилница беше организирана од двете европски платформи Scientix (www.scientix.eu)  и NextLab (www.go-lab-project.eu) за 30 најактивни Scientix амбасадори од вкупно 358 од цела Европа, заедно со уште 16 амбасадори на NextLab платформата чија задача е во наредните три години да помогнат во промовирање и вклучување на наставници од природната група предмети на национално ниво. NextLab е европски истражувачки проект на Европската Комисија во рамките на Програмата Хоризон 2020 и е фокусиран со запознавањето на училиштата со истражувањето во областа на природните науки. NextLab ја продолжува мисијата на проектот GoLab промовирајќи иновативни и интерактивни методи во наставата во основното и средното образование” – додава Ристевска.

Добрите практики од Европа според неа треба да се прилагодат  и применат во македонскиот образовен систем. Тоа вели може да се направи преку освојување и примена на  современи методи во образовниот процес. Платформата за учење преку истражување содржи стотици он-лине лаборатории (www.golabz.eu/labs), над 40 апликации (www.golabz.eu/apps) потребни за истражувачките експерименти и над 500 сценарија (www.graasp.eu) за истражувачко учење кои се креирани од наставниците ширум Европа.

“За подржување на развојот на нови генерации ученици кои ќе се одлучат природните науки да бидат нивен професионален избор, неопходно е нивно оспособување за примарно користење на новите технологии и размена на знаења и вештини со европските врсници. SCIENTIX како европски проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и менаџиран од EUN (European Schoolnet Academy, www.eun.org) во Брисел, ја подржува оваа идеја и наменет е за наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија кои се отворени за збогатување на своите знаења и компетенции според европски стандарди”- објаснува Ристевска.

Проектот SCIENTIXкако што вели е достапен во Македонија  од 2014  година,а од оваа година почнува неговата трета фаза SCIENTIX  3. Овој проект го претставуваат единаесет  Scientix амбасадори  во Македонија.  

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник