07 Мај, 2024
0.0307

Синдикатот на пожарникарите со реакција: Градоначалникот на Ранковце не сака да исплаќа пари за трета смена

Објавено во: Македонија 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на пожарникарите при ССМ попладнево реагира дека не се исполнуваат трудовите права на нивните членови додека беснеат пожарите низ државата, а го посочуваат градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, како еден од примерите. Од таму велат дека општината го има блокирано исплаќањето на ноќниот труд за време на трета смена.
„До Синдикатот стигнуваат повеќе дојави за погазување на правата од работен однос на нашите колеги кои се борат со огнената стихија, на некои места како што е Ранковце, градоначалникот иако предупреден од инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување сеуште официјално ја држи активна забраната за работа во трета смена на професионалните пожарникари. Замислете за да бидат заштедени парични средства, Општината Ранковце немала дежурни пожарникари во третата смена, па така нашите колеги од таа општина на свое лично залагање, некои и по 40 часови непрекинато се борат со страшните пожари на локалното подрачје, иако исплатата на нивниот труд, на овој начин е доведена во прашање“, реагираат од синдикатот.

Од таму упатуваат благодарност за залагањето до сите пожарникари, а особено до  противпожарната единица во Кочани кои, како што се вели во реакцијата, повеќе од 72 часа се борат на терен, а повеќето од нив немаат ниту 3 часа одморено севкупно во овие три дена.

„Слични делувања очигледно се случуваат и на други места низ државата и за тоа редовно не информираат нашите членови“, додаваат од синдикатот.


Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена