Синхронизирајте ги Вашите контакти со LinkedIn профили за да бидете еден чекор пред сите за работното место
Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2018
Без разлика дали ќе излезете на пазарот на труд за првпат, или ќе се префрлите на ново работно место, запознавањето нови колеги или остварување професионални контакти може да биде тешко.
Покрај работното место, исто така е корисно да конектирате и со добавувачите и клиентите преку професионална платформа, а не само како број зачуван на вашиот телефон.
За среќа на сите нас, постои исклучително популарна онлајн платформа за мрежно поврзување LinkedIn којае водечка онлајн платформа за мрежно поврзување за професионалци, која може да се пофали со милион корисници низ светот.
Пребарувајте и додадете ги вашите колеги и клиенти на LinkedIn профилот за да дознаете повеќе за нивните улоги, образовни средини и претходни работодавци.
Синхронизирањето на контакти од вашиот телефонот со LinkedIn профилите е едноставен процес.
1.Преземете ја апликацијата LinkedIn и креирајте профил на LinkedIn
Отворете Google Play Store, побарајте "LinkedIn" и инсталирајте.
Отворете ја LinkedIn апликацијата и притиснете JOIN NOW за да го креирате вашиот LinkedIn профил.
2. Побарајте ги вашите колеги и професионалните контакти на LinkedIn.
Кога ќе ги пронајдете контактите кои сте ги побарале, притиснете CONNECTза да ги додадете на вашата листа на контакти на LinkedIn.
3. Синхронизирајте ги вашите контакти со нивните профили на LinkedIn
Следете ги инструкциите на екранот за да се најавите на вашиот профил на LinkedIn, по што вашиот телефон автоматски ќе ги синхронизира вашите контакти со нивните профили на LinkedIn доколку се достапни.
За да ги видите деталите за контакт на LinkedIn, отворете го контактот на LinkedIn и притиснетe See LinkedIn information.