02 Мај, 2024
0.0285

„Сите сити“ обезбеди над 400.000 оброци за социјално загрозени граѓани

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Нашата држава е во високите 10 места во светот по фрлање храна, во услови кога околу 460.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да си обезбедат по три оброци дневно. Процените се дека вкупните вишоци храна кај нас надминуваат 100.000 тони годишно.

Токму овие загрижувачки податоци беа причина во 2018 година организацијата да започне да го развива системот „Сите сити“, преку која се спасува добрата храна, па наместо да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.

До денес, преку оваа мрежа се донирани над 100 тони храна, односно над 400.486 порции. Големи количини на квалитетна храна со возило се превзема од различни бизниси, и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично. Ова го правиме во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна, од кои најголеми се „Виталиа“, „Жито леб“, „Витаминка“, „Кола“, а над 30 партнерски граѓански организации ја доставуваат храната до крајните корисници. Како одличен пример ќе го спомнеме „Жито леб“, од каде редовно од понеделник до петок храната се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се подготвуваат околу 200 оброци.

Дополнително, во рамки на проектот „Оброк за сите“, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика, се доставува храна за бездомниците во Момин поток коешто се прави секоја среда изминатиот период, дополнето со поголеми количини кои опслужуваат и други кујни. Во рамки на проектот се пилотира и модел за дистрибуција на прехранбени пакети до социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. А волонтерите на Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица до нивните домови.

Со ова иновативно решение за обебедување и подготвување на оброци за лица во социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално подобрување на дел од постоечките програми за поддршка на социјално загрозените граѓани со храна.

Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој и планот е понатаму да почне да се применува низ целата држава.


Целта на „Сите сити“ е значително да го намали бројот на гладни граѓани, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, како и да станеме земја во која добрата храна не се фрла.


Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година