29 Април, 2024
0.0275

Сити мол во хумана новогодишна кампања за социјално загрозени семејства: 12 Новогодишни елки – 12 медиумски приказни

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска започна голема Новогодишна хумана акција во организација на Сити мол и во соработка со 12 респектабилни македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поместени се новогодишно декорирани 12 природни елки. Една елка – еден медиум. Во кампањата се вклучија респектабилни медиуми од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски Магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и најслушаното – Сити радио. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе бидат донирани под неговата елка да ги подари на деца на едно социјално загрозено семејство.

Денеска, првите подароци под елките ги донираа самите медиуми и со тоа апелираат до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и да ги усреќат децата од 12те избрани семејства.

Овој хуман гест, превенствено има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и наедно да ги мотивира да донираат новогодишни подароци за деца, кои се од социјално загрозени семејства. Пред секоја елка – медиум ќе има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се дечињата, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци, кои ќе сакаат да ги донираат. Задолжените волонтери во кампањата ќе бидат достапни за сите заинтересирани посетители да им излезат во пресрет и помогнат околу преземањето на подароците и дополнителни информации околу кампањата.

Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година. Во пресрет на Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.


Затоа ја покануваме јавноста да донира подароци за сите оние дечиња на кои ова многу ќе им значи. Во овие студени зимски денови да ги стоплиме и усреќиме детските срца!

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг