12 Мај, 2024
0.0269

СЈО работи со полна пареа, судењата продолжуваат

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Судските процеси што ги води Специјалното јавно обвинителство и натаму се главна тема во медиумите и се во голем фокус на јавноста. Според одредената динамика од судовите ќе продолжат честите рочишта, па така судењето за „Насилство во Центар“ ќе продолжи на 18 декември, одложено е рочиштето за „Тотал“, а прифатено обвинението за „Титаник 2“.

Вчера, како што потврдија од СЈО за МИА, Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2″ за изборни нерегуларности.

Во овој случај обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и актуелниот член Сашо Срцев. Прифатен е и обвинителниот предлог за Сашо Мијаклов за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

Рочиштето за предметот „Тотал“ во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, пак, вчера е одложено, а датумот за одржување ново рочиште дополнително треба да се одреди.

Бранителите на Павловиќ – Латас, адвокатките Анита Бегова и Светлана Савиќ побараа Судот да ги снима тонски и визуелно сите судски рочишта, за како што посочија, да се отстрани каков било сомнеж.

Апелацискиот суд Скопје ги потврди притворите за режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, а  Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги потврди во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и мерка куќен притвор за Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.

Сите се товарат за учество во настаните во Собранието на РМ на 27 април годинава.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите