СКАПО ПЛАТИЈА ЗА ШЕГА НА ПЛАЖА: Завршија во затворска ќелија
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2018
Tуристки oд Британија тврдат дека грчката полиција ги заклучилa во крвава затворска ќелија на островот Крф, откако на еден Грк на плажа му ја сокриле облеката за да се пошегуваат со него.
Дваесет годишните туристки Шона Кокс и Вили Албон од Есекс се сретнале со група млади момчиња на плажа, а после неколку часа дружење, на едниот од нив му ја сокриле облеката под соседната лежалка, кога тој отишол да се бања.
Тој ги пријавил во полицијата за кражба, која потоа ги уапсила и ги одвела во станицата, каде, како што тврдат тие, поминале 24 часа без храна и платилe 1.600 фунти за трошоци и уште казна од 400 фунти за Rolex часовник кој бил помеѓу работите кои му ги сокриле на момчето.
„И рече на своите пријатели дека ме следел до хотелот и ме видел како ги носам неговите работи и часовникот. Тоа е комплетна лага. Не ги допревме неговите работи“- вели една од девојките.
Девојките се жалеле во британската амбасада, објаснувајќи дека им се загрозени основните човекови права, бидејќи условите во затворската ќелија во која го поминале целиот ден биле нехумани.
Тие ги опоменуваат туристите дека иако Грција е убава земја, сепак можат да западнат во невоља. Додаваат дека со месеци штеделе за да заминат на одмор во Грција.