Скопјанец кој беше пријавен за исчезнат е најден мртов
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2021
31-годишен скопјанец кој од јуни се водел како исчезнат e најден мртов.
Во Полициската станица Драчево вчера во 20.30 часот е пријавено дека во селото Драчево, на патот кон место викано „Три круши“, е пронајдено тело на починато машко лице. На телото немало траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото и е утврдено дека се работи за В.Д.(31) од Скопје, за кој на 1 јуни е пријавено дека се оддалечил од домот. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.