СКОПЈЕ СЕ СОБИРА ПРЕД „НЕГОВАТА“ УНИВЕРЗАЛНА: Почит и испраќање на легендарниот Балашевиќ
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2021
На социјалната
мрежа Фејсбук се повикуваат граѓаните на Скопје последна почит да му оддадат на
великанот Ѓорѓе Балашевиќ вечерва пред „неговата“ Универзална сала, каде
настапуваше повеќе пати и каде со воодушевување го следеше публиката во Македонија.
-Скопје
тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови
кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.
Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала,
да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда, се вели во повикот за вечерашниов
настан.