02 Мај, 2024
0.0274

Словенечката влада го достави предлог законот за ратификација на пристапот на Македонија во НАТО во својот парламент

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Словенечката влада на синоќешната седница го дефинираше текстот на Предлог-законот за ратификација на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО потпишан во средата во Брисел и го достави до националното собрание, познато како Државни збор.

„Западен Балкан е стратешки важен за безбедноста на Словенија, НАТО и Европската унија. Проширувањето на евроатлантската алијанса кон Западен Балкан останува еден од клучните катализатори на напредокот во регионот и обезбедува регионална стабилност.

По усвојувањето на уставните амандмани од страна на македонскиот парламент и ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција и Северна Македонија, Северноатлантскиот совет (НАК) го одобри нацрт-текстот на протоколот за пристапување. Протоколот за пристапување беше потпишан од постојани претставници во НАТО. Протоколот беше потпишан во име на Словенија на 6 февруари 2019 година од страна на Јелко Кацин, словенечки амбасадор и постојан претставник во НАТО.

Во согласност со втората статија, протоколот ќе стапи во сила кога секој потписник на Северноатлантскиот договор официјално ќе ги извести Соединетите Американски Држави за неговото усвојување. Соединетите Американски Држави ги известуваат сите потписници на Северноатлантскиот договор од денот на приемот на службеното известување и датумот на влегување во сила на Протоколот“, се вели во соопштението на совенечката влада која го објави синоќа.

Со оваа одлука Словенија ќе биде втората земја по ред која ќе го ратификува Протоколот за прием на Македонија во НАТО. Првата, по логичен редослед и според Преспанскиот договор, треба да биде Грција.

„Државни збор“ се очекува експресно да го следи грчкиот парламент, каде што денеска на дневен ред на пленарна седница е гласањето на ратификацијата на Протоколот откако вчера беше на комисиска расправа.

Словенечката влада веќе не ословува под новото уставно име „Република Северна Македонија“. 


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање