10 Мај, 2024
0.0290

Снимката од „Поткуп“ јавноста нема да ја слушне ни денес

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Иако во јавноста беше најавено дека на денешното рочиште за „Поткуп“ ќе биде пуштена целосната снимка за случајот, сепак Кривичниот суд  одлучи тоа да не се случи денес, бидејќи како што било посочено на денешната расправа во судот , се чека решение од повисока судска инстанца поради поднесената жалба од обвинителството.

 Во случајот „Поткуп“ премиерот Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
Заев и неговите адвокати на минатото рочиште од Судот побараа да не се исклучува јавноста кога ќе се гледа снимката во судница, бидејќи само јавна презентација на целосната снимка ќе може да врати дел од изгубената чест и углед на премиерот.

Како премиер и претседател на СДСМ, како што рече Заев, бара снимката да биде транспарентно до крај и јавно презентирана за да можат граѓаните да имаат свој впечаток за тоа што се случувало и за што всушност се разговарало.

Иако снимката нема да се гледа денеска, во судницата продолжи рочиштето на кое во тек е сведочењето на бизнисменот Иван Николов кој се наоѓа на снимката заедно со Заев.

Сведокот Сачевалиев пред судот изјави дека на 8 ноември 2013 година, на Митроведен, телефонски бил повикан од Заев во неговиот градоначалнички кабинет во Струмица. Кога пристигнал, Заев му кажал дека го викнал за да му соопшти дека земјиштето за кое бил заинтересиран може да го купи по цена од 70 денари за метар, но под услов да даде уште по три евра – по едно евро за него, за црквата и за СДСМ. Тој му одговорил дека тоа се многу пари и дека за купување на земјиштето имал подготвено 100.000 евра. Заев, наведе Сачевалиев, му покажал хартии на неговото биро за кои му кажал дека се од фирми со кои е завршена работата на истиот начин како што нему му било понудено.

Откако случајот го пријавил во МВР, Сачевалиев, како што појасни, бил препратен во ОЈО, каде му била дадена опрема за прислушување, по што повторно отишол кај Заев. Во меѓувреме Заев му кажал дека ја намалил цената на две евра – за него и за црквата. Се договориле да се сретнат и Заев му кажал дека парите треба да му ги даде на неговиот брат Вице.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“