Со нож се шетал во Градски парк во Скопје
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2020
Синоќа во 23.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај Џ.Ј.(33) од Скопје, пронашле нож на расклопување.
Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.