Софија воведе „зелен билет“ против загадувањето
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2018
Софија, главниот град на Бугарија,од денеска го воведе т.н. „зелен билет“ со кој граѓаните за еден лев, односно за околу половина евро, ќе може да патуваат цел ден колку пати сакаат и да се служат со сите превозни средства од јавниот транспорт на патници - метро, автобуси, тролејбуси и трамваи.
Оваа мерка се воведува доколку само две мерни станици покажат дека загадувањето е над просекот на дозволеното во бугарската престолнина.
„Зелениот билет“ за прв пат беше пуштен во продажба на 28 јануари, а го купија 30.217 патници.