10 Мај, 2024
0.0274

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози

Објавено во: Мои пари 12 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Патот кој води до хидросистемот Злетовица се уште е во прекин, како и локалниот пат Кратово - с.Каврак. Во општина Ранковце регионалниот патен правец кон с.Герман е непрооден поради големи снежни наноси. Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. На патниот правец Злетово - брана Кежовица кај с.Којково има свлечено поголема количина на земја и сообраќајот е во прекин. Во опш.Старо Нагоричане се расчистувал патниот правец с.Дејловце до с.Длабочица. Во наредните денови предвидено е да се расчистуваат патните правци во Козјачијата и тоа следните патни правци: - Жегљане – Малотино –М’гленце; - Арбанашко – Рамно - Буковљане и Цветишница. ЈСП Скопје во која се наведува дека автобусите на линијата бр.68, за с.Долно Коњари, сообраќаат до мостот на реката Пчиња, од каде патниците го преминуваат пеш, а на другата страна ги чека минибус. Локалните патни правци од опш.Чучер Сандево кон селата:Брест и Малино се непроодни за сите видови на моторни возила. На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација. Во општина Крива Паланка регионалниот патен правец кон с.Огут е прооден со теренски возила. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, а на повисоките места, наместа со остатоци од кашест снег. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин и на планинскиот премин Стража. Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Потсетување за возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март. РАБОТИ НА ПАТ Според известувањето од IRD Engineering, од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес -Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци. На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичникпродолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, препорачуваме внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец. Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата. Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: - од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, - и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности. Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. се изведуваат активности на патот односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите ќе се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација. Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот, информираат од АМСМ.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори