Сопартијците му вртат грб на лидерот, реформаторите од ВМРО ДПМНЕ му ги „земаат“ пратениците на Груевски
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017
Пратеници од првиот парламентарен состав на Денот на демократијата застанаа зад иницијаторите кои покренаа реформи во партијата на ВМРО ДПМНЕ.
Поддршка дојде од страна на Ѓулистана Марковска, Михајло Пановски, Ратка Димитрова кои како што рекоа дека поддршка даваат пред се за да се врати демократското во партијата
Сегашната султан партија мора да се врати на вистинскиот пат да претрпи реформи и затоа им даваме поддршка на реформистите, прачуваат пратениците.
Реформаторите пак искажаа чест што добиваат поддршка од пратеници од првиот парламентарен состав кои и потпишаа декларација со која треба да дојде до модернизација на ВМРО–ДПМНЕ.