10 Мај, 2024
0.0278

Спасовски: Ако се отвори рутата бегалците може или само да транзитираат или да престојуваат 72 часа

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, но ако дојде до какво било отворање на рутатата и зголемување на бегалци тие може само да транзитираат или да бидат со времен престој до 72 часа, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

Според Спасовски, системот за добро справување со евентуална миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институции се се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.

„Знаете кој е ставот и политиката на Владата во однос на мигрантите, ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, Винојуг и Табановце, и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија, може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа“, рече Спасовски.

Тој информираше дека изутрината Управувачкиот комитет на седница разговарал подетално за оваа состојба, како и дека службите следат и на дневна основа информираат, а соработката со државите од  опкружувањето во овој регион е добра и со нив има постојана комуникација.

„Неколку пати сум истакнал дека прашањето во однос на миграцијата не е прашање што може да го реши една држава, туку треба да се изгради заемна политика, заради тоа што, пред се, ние се справуваме со последици, а не го решаваме проблемот, тој се решава таму кај што е неговиот извор. Сите заедно како држави од регионот се справуваме со последиците, но како и да е, сега засега, нема очекувања дека можеме да дојдеме во ситуација на згоелмен мигрантски бран. Очекувам дека договорот помеѓу ЕУ и Турција  ќе продолжи понатаму да функционира и да се реализира и заеднички ќе имаме можност добро да ја имплементираме целата оваа кризна состојба“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

За капацитетите на МВР за справување со проблемот, со оглед на тоа што неодамна со него раководи технички министер за внатрешни работи, Спасовски потенцираше дека системот функционира и оти тој не може да зависи од еден човек и од тоа дали министерот или кој било функционер е еден или два месеца на таа функција.

Јас кога станав министер бев во најголемиот бран кога во еден ден влегуваа 10.000 до 12.000 бегалци, така што системот функционира, МВР, министерствата за труд и социјална политика и за одбрана, Армијата на државата, сите заедно сме насочени максимално посветени во однос на справување со евентуален зголемен број на мигранти иако сега проценките се дека нема да има таква состојба“, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија