23 Септември, 2020
0.0229

Спасовски до опозиционерите: Престанете со калкулации и да го донесеме законот

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Сега е моментот сите политички партии и сите претставници на народот во парламентот да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата и за нејзината иднина како членка на ЕУ и за правдата, и затоа го охрабрувам дијалогот со Владата за носење на Законот за јавно обвинителство. 

Ова од пратениците го бара техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Заврши времето само на декларации и изјави. Посебно ги повикувам пратениците од најголемата опозициска партија да се престане со партиски калкулации и политиканство, со ставање на партиските и личните интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во законот кој што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството и на јавното обвинителство, и да помогнат, бараме еднаш сега, да ги оствариме нашите интереси во делот на усвојување на законот и на добивање на датумот за почеток на преговорите со ЕУ“, нагласи премиерот Спасовски.

Вели дека иако ЕУ не го постави донесувањето на Законот за јавно обвинителство како услов, неговото усвојување ќе биде дополнителен позитивен момент кој што ќе биде потребен за да ги отпочнеме преговорите што е можно поскоро.

„Очекувам дека овој дијалог ќе придонесе да се донесе ова законско решение, политиката еднаш засекогаш да ги тргне рацете од судството и обвинителството и преку законот да се гарантира правдата за секого во нашата држава. Тоа се моите очекувања. На тоа работиме сите ние во Владата и во Парламентот и целиот напор во наредниот период ќе биде да имаме успех и да го донесеме Законот за јавно обвинителство“, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Само за една недела регистрирани се 951 позитивни на ковид, зголемен и бројот на починати

ИЈЗ: Само за една недела регистрирани се 951 позитивни на ковид, зголемен и бројот на починати

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Несторовска се враќа во МВР како државна секретарка, ќе се спаси ли од лажните мејлови

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Нема веќе простување: Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Нема веќе простување: Град Скопје присилно ќе наплатува данок на имот и фирмарина

Прво посебен протокол, па на кино и театар во Македонија

Прво посебен протокол, па на кино и театар во Македонија

СДСМ: Со внесувањето на Драги Ковачки во Извршниот комитет, Мицкоски ја милитаризира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Со внесувањето на Драги Ковачки во Извршниот комитет, Мицкоски ја милитаризира ВМРО-ДПМНЕ

Заев: „Нашата земја“ е црковен вокабулар

Заев: „Нашата земја“ е црковен вокабулар

Заев: Со Борисов средба до 10 ноември

Заев: Со Борисов средба до 10 ноември

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира и за Јанкулоска, ќе дојде и Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира и за Јанкулоска, ќе дојде и Јанушев