02 Мај, 2024
0.0273

Спасовски: Сите наши проценки говорат дека Сашо Мијалков е во државава, нема да бидам жртва на еден криминалец

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

„Сите анализи и проценки говорат дека Сашо Мијалков е во државата, одбносно дека не избегал, а ако знаевме каде е ќе беше во притвор. Работиме на негово пронаоѓање“, ова на преесот го изјави министерот за внатрешни Оливер Спасовски. 

Според него, МВР продолжува со сите расположиви мерки за пронаоѓање на Сашо Мијалков.

Ова е прва прес конференција по бегството на екс-шефот на тајната полиција, обвинет во случајот за нелегалното прислушување со кодно име Таргет-Тврдина.

Спасовски ги претстави поединостите и контактите помеѓу Министерството и обвинителката Русковска, како и активностите коишто ги презела полицијата и најави продолжување на истрагата.

„МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаме таква обврска да го лоцираме и да постапиме по судска наредба“, рече Спасовски.

Запрашан за неговата одговорност во бегството на Мијалков, Спасовски вели:

„Оставката нема да ги реши сама по себе проблемите па чија сака нека е. На тој  начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците наспроти институциите на системот“, рече Спасовски.

Рече дека нема да биде жртва на еден криминалец во земјава.

Спасовски на некој начин како да го посочи прстот кон Обвинителството, за ненавремена реакција.

Еден од обвинителите во петокот информирал член во Владата дека се подготвува бегство на Мијалков.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање