28 Април, 2024
0.0285

Сподели љубов во Skopje City Mall и биди дел од EXIT-лето на љубовта!

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Skopje City Mall со гордост Ви ја најавува соработката со најпрестижниот европски фестивал EXIT, за чија цел подготви интересна интерактивна игра “Сподели љубов во Skopje City Mall и биди дел од EXIT лето на љубовта!”. Играта започнува од денес и ќе трае до 16-ти јуни. Преку своите официјални страни Facebook.com/skopjecitymall и Instagram.com/skopjecitymall фановите ќе имаат можност да освојат бесплатни влезници за фестивалот.

За учество во играта потребно е да се објави фотографија на Facebook или Instagram, најдоцна до 16.06.2017 со хаштаг #EXITMK и #SCM4LOVE  (фотографијата мора да биде јавно споделена) и да се тагне пријателот со кој сакате да одите на фестивалот. На 10те најкреативни сопственици на фотографии ќе им подариме по две влезници за фестивалите од EXIT Лето на љубовта: EXIT во Нови Сад или SEA DANCE во Будва.

EXIT тимот оваа година ќе го прослави јубилејот, 50 години од славното “Лето на љубовта 1967”, кога се појави револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.

Како единствен современ музички фестивал кој е настанат од борбата за општествена промена и чија мисија е поврзување и регионална соработка, EXIT на овој начин сака да ја зачува основната идеја од која настанаа и првите големи музички фестивали, уште кон крајот на шеесетите години од минатиот век, како што се Woodstock, Monterey и други, но и да ги пренесе пораките на тогашното движење кои на денешниот свет му се потребни повеќе од било кога.

Skopje City Mall ги повикува сите оние кои сакаат да освојат билети за EXIT фестивалот, да го следат Skopje City Mall на социјалните медиуми каде ќе се проследуваат сите дополнителни информации и активности.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг