03 Мај, 2024
0.0279

Спонзор на ЗОО Скопје ќе се грижи за оптималните услови на животните

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Меморандумот за спонзорство кој се потпиша помеѓу Vivax и зоолошката градина во Скопје вклучува и високо квалитетни клима уреди кои ќе имаат задача да ја заштитат и прилагодат климата на некои од животните во самата зоолошка. Со ова на нив им се обезбедува средина која е оптимална за нивните потреби со цел да се осигура нивното здравје и состојба.

„Животните кои живеат тука се можност за секое мало дете, па и секоја возрасна личност, да запознае нешто ново, да биде дел од нов свет. Оваа година го надминавме и бројот на посетители за 5% повеќе од минатата година за истиот период. Како расте интересот за зоолошката градина така напредуваме и се надградуваме. Оваа година сите, и посетителите и ние, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новите животни чии живеалишта веќе се подготвуваат. Благодарение на Vivax и нивното спонзорство сега сме во можност да обезбедиме додатна нега за животните, која многу ни значи.“, истакна директорот на зоолошката градина Скопје, Јорданчо Милошевски.

„Секој од нас мора да се насочи кон остварувањето на проекти кои ќе доведат до подобар живот. Многу е важно да ја заштитиме нашата животна средина, да ги згрижиме животните, и во целост да се фокусираме на одржување на добри практики кои ќе нè насочат кон тоа да си ја обезбедиме иднината. Затоа Vivax како компанија денешното потпишување за меморандум за спонзорство го смета како инвестиција во иднината. Почнавме со имплементација на R32 фреон во нашите клими кој ќе помогне во заштита на животната средина и денес преземаме чекор за заштита на животните. Ќе продолжиме по овој пат затоа што веруваме дека со тоа што кога секој би се вклучил во оваа мисија ќе создадеме свет подобар за сите.“, порача Филип Трифуновски, претставник на Vivax во Македонија.



Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија