СПОРОТ РЕШЕН: Хрватските граѓани ќе може слободно да работат во Швајцарија
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2016
Швајцарија постигна договор со Европската унија, според кој и хрватските граѓани ќе може слободно да работат во таа земја.
На тој начин е решен спорот до кој дојде откако Швајцарија објави како за граѓаните на Хрватска ќе важат рестрикциите за работа во таа држава без разлика на членството во ЕУ.
Швајцарската влада попушти и објави дека сепак, хрватските граѓани ќе ги третира како и сите останати граѓани на ЕУ, а правилата се на сила од 1 јуни, јави ХРТ.
Професорот Давор Павун кој веќе долги години живее во Швајцарија ја коментирал таа одлука. Верува како во овој момент во Швајцарија нема да се „затрчаат“ голем број Хрвати, бидејќи на врата е туристичката сезона која во Хрватска е многу атрактивна.
„Не заборавајте дека во Хрватска се работи многу помалку. Во Швајцарија воглавно владее „ред, работа и дисциплина“, се работи 44 часа неделно и се е многу регулирано“, рекол Павун.
Тој исто така додава дека во Швајцарија навистина има места од помошник на жичари или во туризмот до факултетот за место професор.