Србија во лов на малолетници кои се сликаат со марихуана
Објавено во: Балкан 04 Април, 2018
Српската полиција започна акција за „лов“ на малолетници кои се сликаат со марихуана. Главен фокус е страницата на социјалните мрежи „Србија дрога“ на која ученици се сликаат со марихуана, а дел од нив се забележани и пред полициски коли како еден вид на предизвик кој ќе направи „похрабра“ поза.
Во досегашната акција пронајдени се двајца администратори на страницата „Србија дрога“ кои се малолетни и се од Белград. Тие го признале делото, но тврделе дека не ја конзумирале дрогата туку тоа го правеле од забава.
Ова е се почест тренд како во Европа така и на Балканот, односно на мрежите како Инстраграм да се објавуваат слики со џоинт марихуана за тинејџерите да станат популарни и да добијат следбеници.
Извор: Блиц