02 Мај, 2024
0.0694

Србите креваат ограда на границата со Македонија

Објавено во: Македонија, Балкан 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Србија поставува метална ограда на границата со Македонија. 

Таа се поставува во близина на Прешево, јавуваат српските медиуми. Оградата треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини.

Србија е на таканаречената балканска рута преку која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ. 

Според  податоците на српскиот Комесаријат за бегалци објавен на 20 јуни, има скоро 4.800 лица во 18 центри за азил и прием во Србија.

Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава, информираа за МИА од МВР, откако беше објавено дека на границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почнало поставување жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања.

Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.

Во полицискит билтен кај нас често има вести за шверцери кои се фатени додека превезуваат мигранти. 

Последното е дека Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С. Р. (23) од с. Банско, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти.

На 14.8.2020, околу 21.40 часот, на регионалниот пат Струмица – с. Дабиле, на влезот на с. Дабиле, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, при вршење службени дејства, било сопрено патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С. Р., при што во возилото биле пронајдени 12 мигранти, и тоа девет од Сирија и тројца од Палестина.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање