Србите преговараат за испорака на ново оружје од Русија
Објавено во: Балкан 04 Април, 2018
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин откри дека започнал преговори со рускиот колега Сергеј Шојгу за нови испораки на оружје од Москва за Белград, пренесува новинската агенција „Танјуг“.
Според зборовите на Вулин, станува збор за набавка на четири транспортни хеликоптери “Ми-17” и четири борбени хеликоптери “Ми-35”.