03 Мај, 2024
0.0250

СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р.М СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

По повод официјалната посета на претседателот на Република Бугарија на Република Македонија, на 17 февруари 2018 година, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи работен состанок на којшто покрај претседателите на Република Бугарија и Република Македонија, Н.Е. д-р Румен Радев и Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, ќе присуствуваат и претседателите на стопанските комори од Македонија и претставници на бизнис заедницата.

На состанокот ќе се разгледаат можностите за продлабочување на  економската билатерална соработка меѓу двете земји. Главен акцент ќе се стави на потребата за побрзо решавање на клучните прашања од кои влијае обемот на соработката, пред се` на транспортната и енергетската инфраструктура и спроведувањето на формалностите на граничните премини. Решавањето на овие клучни прашања ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу двете земји, а со тоа и експанзија на обемот на билатералната стоковна размена.

Согласно официјалните статистички податоци, вкупната трговска размена меѓу Бугарија и Македонија во 2017 година изнесува 665 милиони САД $, што претставува раст од 19,13% споредено со 2016 година. Извозот од 333 милиони САД $ има раст од 35,1%, додека увозот од 332,1 милиони САД $, бележи зголемување од 6,54% во споредба со 2016 година.Во 2017 годинаРепублика Бугарија е шести надворешно-трговски партнер на Република Македонија.

  Во поглед на структурата на производите во размената, во 2017 година, во извозот најмногу се застапени: руди на олово и концентрати (72.184.498 САД долари);руди на бакар и концентрати (67.678.096 САД долари); руди на цинк и концентрати (34.531.863 САД долари);тутун неизлижен (19.517.893 САД долари); плоснати валани производи од железо или нелегиран челик, обложени со цинк, на друг начин обложени, со ширина  600 мм и поголема (9.457.385 САД долари  долари). Во структурата на увозот најмногу се застапени:нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (55.327.283 САД долари);електрична енергија (31.963.195 САД долари);други отпадоци од железо не спомнати на друго место (21.379.342 САД долари); шипки и прачки од железо и нелегиран челик, не повеќе обработувани од топло  валани, со вдлабнатини, засеци, жлебови или други деформации добиени во процесот на валање или усукани после валање (9.752.186 САД долари).

Споредувајќи го периодот од 2010 до 2017 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Бугарија, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна каде е достигнат највисокиот износ во 2011 година (-149,9 милиони САД долари) и 2012 година (-122,3 милиони САД долари). Сепак, во 2017 година, забележан е суфицитна македонска страна во висина од 0,83 милиони САД долари,кој се јавува за прв пат во последните 7 години.


Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година