02 Мај, 2024
0.0266

СРПСКИ ЛЕКАР: Тромбовите се голема компликација од короната, ни еден лек не може 100 отсто да ги спречи

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Проф. Д-р Арсен Ристиќ, кардиолог, помошник директор на Клиниката за кардиологија на Клиничкиот центар на Србија, предупредува дека Ковид прво предизвикува пневмонија, но дека може да предизвика, како и некои други вируси, како што се грип или херпес, и петнаесет други болести, меѓу кои и воспаление на срцевиот мускул, како и оштетување на внатрешниот слој на крвни садови, што се комплицира со формирање на тромбови во крвните садови.

„Тоа е една од компликациите кај ковид, што е најлесно да се спречи ако веќе имате обилно воспаление на белите дробови и ризик од згрутчување на крвта. Лековите за разредување на крв се широко достапни. Во болнички услови, ова се обично инјекции кои се ставаат субкутано, пд кожа, а за оние кои се дома, постојат неколку видови таблети. Сепак, оваа терапија не може 100 отсто да гарантира дека ќе спречи формирање на тромбови и најтешки компликации, вклучително и белодробна емболија. Но, во секој случај, тие лекови значително го намалуваат ризикот и се широко користени во сите наши болници“, вели овој лекар за српски Курир.

Тој открил и дека откако се појави короната, во болницата имаат за 30 проценти повеќе пациенти со срцев удар, односно интервенција во акутен срцев удар, отколку што беше пред ковид 19. 

„Причината за тоа е што многу болници станаа ковид центри, па не згрижуваат други пациенти, но и стравот од луѓето да одат во болница кога ќе почувствуваат тешкотии, плашејќи се дека ќе добијат корона“, рекол д-р Ристиќ.

фото. Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“