Стефан Тафров: Позицијата на Бугарија е погрешно разбрана и ЕУ не стави во дипломатска изолација
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2021
Стефан Тафров, искусен дипломат и истакнат член на десничарската партија Демократска Бугарија, која во бугарскиот парламент по изборите е застапена со 27 пратеници, во емисијата „Денот започнува“ на бугарската БНТ рече дека Бугарија е под изолација на ЕУ поради Македонија, а тоа му е јасно и на бугарскиот претседател Румен радев.
Односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не можат да се засноваат на омраза. Треба да разговараме и да се разбираме, знаете дека Бугарија беше прва во светот што ја призна РС Македонија како држава, рече Тафров во емисијата.
Дипломатот го прифаќа како вистина мислењето дека Бугарија е во многу изолирана положба во Европската унија на оваа тема.
- Позицијата на Бугарија е погрешно разбрана и претседателот Радев јасно стави до знаење дека сме во дипломатска изолација по ова прашање. Ова се факти. Ние од „Демократска Бугарија“ сакаме патоказ со специфични мерки што можат да се мерат. Во моментов, нашата позиција е сведена на некои емотивни формулации, рече Тафров.
Претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски, денеска ќе летаат за Рим и Ватикан, каде што традиционално се одржуваат средби со Поглаварот на Римокатоличката црква и заеднички заеднички се чествуваат Светите браќа Кирил и Методиј.
Во ситуација на деликатна фаза, во која се наоѓаат односите Скопје - Софија, посетата на двајцата шефови на држави е исклучително важна. Радев истакна дека европската рута на Скопје минува низ Софија, но и дека очекува датум за преговори за Македонија.