02 Мај, 2024
0.0278

Стевче Јакимовски како во шпиунски филм - УБК знаела дека ќе упадне Катица

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Стевче Јакимовски, некогашниот одметник од СДСМ, а сега поддржувач на политиките на власта, во гостувањето на ТВ Нова даде исказ како од некој крими шпиунски филм од 80-тите дека УБК се толку добри агенти што знаеле дека Катица Јанева ќе им „упадне“.

Зборот „упадне“ навистина „упаѓа“ во очи бидејќи СЈО за истражните дејствија кои ги вршеше во УБК и кои всушност се уште траат доби валидна судска одлука. Ако тврдењата на Стевче Јакимовски се навистина точни, дали тоа значи дека УБК има свои шпиуни во судот, дали тие ги шпиунираат и следат судиите и истражителите и обвинителите на СЈО!?


„Смешно е што Катица и тие што ѝ веруваат мислат дека Управата за безбедност и контраразузнавање не знаеле дека дека таа ќе упадне внатре, ако е таква УБК не би требало ни да постои“, посочи Стевче Јакимовски во емисијата Аргументи.

Тој додаде дека Јанева прави парада и врши штета врз целиот процес.

„Јас одговорно тврдам дека Управата за безбедност и контраразузнавање сто проценти знаеле и кога ќе дојде Јанева и какви и се намерите. Така што непотребно прави парада, го бламира безбедносниот систем на Република Македонија кој што одлично функционира, па затоа мислам дека само поголема штета ќе му направи и на целиот процес а и на СДСМ“, заклучи Јакимовски.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање