Стево Пендаровски е новиот претседател
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2019
Стево Пендаровски е новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат последните бројки од Државната изборна комисија (ДИК) која ги објавува резултатите од изброените гласачки места во реално време.
На обработени 95 отсто од гласовите, Стево Пендаровски води пред Гордана Силјановска Давкова со над 60.000 гласови.Тој има вкупно 410.970 гласови, а Силјановска Давкова 350.471.
Сите гласови на Пендаровски се од места со доминантно албанско население.
Победата треба да се потврди секако од страна на ДИК. Моментно во штабот на СДСМ се слави победата на Пендаровски.