11 Мај, 2024
0.0246

Стопанската комора одговорила на повеќе од 2.500 повици на компаниите

Објавено во: Економија 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Кризниот штаб при Стопанската комора на Македонија и останатите вработени во Комората одговориле на околу 2.500 прашања од компаниите, во изминатиов месец, соопштија оттаму. Кризниот штаб беше формиран на 25 март, а од комората велат дека од тогаш за голем дел од прашањата оствариле интензивна комуникација и добиле појаснувања од Владата и надлежните државни институции. По започнувањето со работа на контакт-центарот на Владата интензитетот на јавувања на компаниите во Комората малку се намалил, но тие и натаму продолжиле, соопшти Зоран Јовановски, главен советник на управниот одбор на Стопанската комора.

„Од досегашната комуникација со компаниите, општ е заклучокот дека тие сакаат стриктно да ги применуваат прописите што се во важност. Во услови кога заради околностите многу често се случуваат промени во условите за работа, се носат уредби, економски мерки, одредби во однос на периодот на забрана за движење итн., компаниите имаат потреба да се консултираат за да можат да го приспособат своето работење согласно важечките прописи и измени. Во изминатиот период најголем дел од прашањата на компаниите поставени до Стопанската комора на Македонија се однесуваат на детали околу дозволите што ги издаваат работодавачите за движење на нивни вработени поради вршење на сменска и ноќна работа, рече Јовановски.

Додаде дека искуството од досегашната комуникација на Комората во услови на вонредна состојба покажало дека секоја промена што се прави од страна на надлежните институции треба да биде проследена со истовремено носење на соодветните документи што детално ја објаснуваат промената. На тој начин, се намалува потребата од дополнително разјаснување и се олеснува комуникацијата со компаниите.

Доколку продолжи вонредната состојба во земјава, продолжува со работа и Кризниот штаб при Стопанската комора на Македонија, како и останатите активности на Комората што се одвиваа во постојните околности.

Видео обраќање





Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили