11 Мај, 2024
0.0245

Странските инвестици дојдени лани: „Дура“ ќе добие девет, а за „Костал“ 10 милиони евра од државата

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Американската инвестиција Дура Аутомотив доведена во 2018-та во слободните економски зони ќе добие вкупни субвенции од дури 9 милиони евра од државата. Ова е потврдено и вкалкулирано во извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за минатогодишните странски инвестиции. Компанијата од автомобилската индустрија која ќе произведува надворешни трим делови ќе добие убедливо најголема „награда“ од 553 милиони денари, а планирано е да вработи и најмногу работници - околу 500-тини. 

Додека Дура Аутомотив е договорена од новата Влада, „Костал“ кој се води како инвестиција привлечена од старата гарнитура во 2018-та, ќе добие 10 милиони евра, односно 615 милиони денари, со ланското решение за државна помош. Производителот од Струга за електронски и мехатронски делови во автомобилска индустрија заедно со Дура Аутомотив се убедливо „најскапите“ инвестиции во економските зони.

Владата овие субвенции ги одобри лани, а исто така беа одобрени од Комисијата за заштита на конкуренцијата, .Според договорот беше објавено дека „Дура Аутомотив“ ќе добие 2,8 милиони евра, од кои 1 милион стандардни и 1,8 дополнителни до завршувањето на инвестицијата. Ќе добива и помош по вработен со над 18.000 денари плата, иако не се наведува колку ќе биде износот по глава, додека за другите инвеститори субвенцијата од 2.000 до 3.000 евра е експлицитно пропишана.

Владата за Костал дава готовински грант во износ до 10 проценти, но не повеќе од милион евра од планираните инвестиции, плус дополнителна помош во износ до 10 отсто од инвестициските трошоци во три годишни транши по исполнување на условите од договорот. За оваа компанија има и по 2.000 евра за првите триста вработени со плата од над 18.000 денари и по 3.000 евра за следните 50 вработени.

Значително помала државна помош има за  Кранфилд Фаундри со 2,5, Баумер со 2,37, Мурат Виринг Сиситемс со 2,25 и ОДВ Еектрик со 2,1 милиони евра. По два милиони евра има за Теламон Европа. и ВИК Македонија со решение одобрено лани.

Покрај активната парична помош, тука влегуваат и стандардните ослободувања во наредните 10 години од плаќање на персоналниот данок на доход и данокот на добивка, ДДВ, царински ослободувања и олеснувања; плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште и изземање од обврската за поднесување на гаранција на царински долг

Станува збор за одобрена државна помош со потпишани решенија минатата година, што значи дека овие средства не се исплатени, туку тоа се вкупните суми кои треба да ги добијат според постигнатите договори. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили