02 Мај, 2024
0.0348

СУБВЕНЦИИТЕ НАВРЕМЕ ГИ ПЛАЌАМЕ - Од Земјоделство им возвратија на протестантите

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

За две и пол години на земјоделците им исплативме 314,5 милиони евра субвенции, реагираат од ресорното министерство, по денешниот протест на неколку земјоделски здруженија. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во следниот период ја продолжува политиката за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците, велат од Министерството за земјоделство.

„Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума. Сумирано, со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство“, тврдат од министерството во своето соопштение до јавноста. 

Од Земјоделие нагласуваат и дека плаќале и стари долгови за субвенции, заостанати од претходната власт. Досега од 1-ви јуни 2017 година, нагласуваат, за мерките од Програмата за земјоделство и рурален развој се исплатени над  19,3 милијарди денари или 314,5 милиони евра, по основ на тековни исплати и заостанати долгови од претходните 2013,2014 и 2015 година, кои минатата власт не ги сервисирала навремено. 

„По барање и во консултација со сточарите, деновиве Владата донесе одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари, со цел да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена. Во два дена се исплатија вкупно 195 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци“, велат од Министерството.

МЗШВ заедно со Платежната агенција изминатите две и пол години креираше мерки за подобрување на состојбата во земјоделството, за покривање на загубите што земјоделците ги претрпуваа поради пазарните услови и временските непогоди, се решаваа долгогодишни проблеми, а субвенциите се исплаќаат навреме пред почетокот на производствената сезона, тврдат од министерството.

Нагласуваат дека се решил долгогодишниот проблем на лозарите, бидејќи Владата на РСМ донесе одлука за исплата на долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон лозарите за предаденото грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. 

Во делот на овоштарството, навреме се исплати основната субвенција за одржување на овошни насади. 

Развојот на стратешките извозни култури е приоритет на МЗШВ. Затоа се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм.

Владата, додаваат, за прв пат воведе мерка за поевтино гориво за земјоделска механизација, 30 отсто од трошоците ги покрива државата. Со мерката се опфатени  околу 55.000 земјоделци што имаат поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка се враќаат околу 200 милиони денари назад кај земјоделците. До денеска со помош на зелените картици земјоделците имаат наточено гориво во вредност од 71,6 милиони денари.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе ја продолжи политиката на навремена и неселективна исплата на субвенциите, отворена и транспарентна комуникација со земјоделците за креирање на заеднички и развојни мерки за земјоделството“, тврдат од ресорот на министерот Трајан Димковски.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање