СУРОВА ПОЛИТИКА: Трамп ја распоредува Националната гарда на границата со Мексико
Објавено во: Свет 05 Април, 2018
Америка презема нов чекор. Имено, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за распоредување припадници на Националата гарда на американско-мексиканската граница како би се спречила илегална имиграција, сметајќи дека ситуацијата ја достигна „критичната точка“.
– Беззаконието кое продолжува на нашата јужна граница фундаментално е неспоиво со безбедноста, сигурноста и суверенитетот на американскиот народ, наведе Трамп во меморандумот на одлуката.
Тој додава дека неговата администрација „немала друг избор освен да дејствува“.
Соопштението е објавено неколку часа откако Трамп побара “силна акција“ за прашањето за миграцијата и ден откако рече дека ќе ја употреби армијата за обезбедување на јужната американска граница додека долгоочекуваниот ѕид не биде изграден.
Американски медиуми повикувајќи се на неименуван извор, јавуваат дека се очекува распоредување на 300 до 1.200 гардисти. Трошоците би биле од 60 до 120 милиони долари годишно.