11 Мај, 2024
0.0933

Светските банкари ни предвидуваат раст од 3,1 отсто за годинава

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Светска банка ја ревидираше нагоре прогнозата за раст на македонската економија за оваа година, од 2,9 на 3,1 отсто, и во својот најнов регионален извештај оцени дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот, за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување.

Со овие прогнози земјава е подобра од Албанија, чиј БДП ќе порасане за 2,9 отсто, и Црна Гора, со стапка од 3 отсто, а ист раст како нашиот ќе има Босна и Херцеговина. Затоа, пак, многу подобро од нас е Косово, со очекуван раст од 4 проценти. Српската економија ќе порасне за 3,3 отсто. 

Владата со Ребалансот, пак, растот за оваа година го крена нагоре, од претходните 3,2 отсто, очекувањата ги искачи на 3,5 проценти, што значи дека нашите надежи за економијата се поголеми од оние на Светска банка.

За идната година, пак, се очекува нашата економија да порасне за 3,2 проценти, и со тоа сме после Црна Гора, која ќе оди во позитива за само 2,8 отсто. Рекордер ќе биде Косово, со предвидена стапка на раст од дури 4,2 проценти. Србија в година ќе биде одлична, со стапка од 3,9 проценти, а Албанија и БиХ ќе растат со стапки од 3,4 проценти. 

Во 2021 година, пак, македонската економија, според светските банкари, ќе порасне за 3,3 проценти.   

Ова е најновиот извештај на Светска банка која традиционално објавува за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан  – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија

„Економската активност забавува во Западен Балкан, додека инвестициите и извозот продолжуваат да слабеат во шесте земји од регионот. Според најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан - Растечка неизвесност, растот е предвиден на 3.2 отсто во 2019 година, кој е понизок од 3.8 проценти во 2018 година. За разлика од регионот, растот во Северна Македонија продолжи да се зголемува во 2019 година, по големото забавување во 2017 и се очекува растот во Косово да остане висок од 4,0 проценти, додека повеќето економии во регионот се соочуваат со поспор раст споредено со оној од пред една година. Проекциите за регионалниот раст во 2020 и 2021 се позитивни, тој сепак ќе остане под нивото на десетгодишниот раст од 2018 година“, велат од Светска банка. 

Од таму со став дека растот помага за создавање нови работни места, но предупредуваат и на неповолни ризици. 

„Понатамошниот раст во регионот помага во создавање на работни места за населенито, учество на жените во работната сила и помага во справување со емиграцијата. Но, неповолните ризици кои се појавуваат укажуваат на потребата од креаторите на политики треба да ја поттикнат конкуретноста, зголемат ефикасноста и користноста на јавната потрошувачка и да се справат со растечките фискални дисбаланси со цел нивно искористување и обезбедување на одржлив раст“, вели Линда Ван Гелдер, Директор за Западен Балкан при Светска банка. 

И покрај економското забавувње во 2019, невработеноста продолжи да се намалува во регинот – на историски најниско ниво. До јуни оваа година, 150 000 работни места беа создадени во регионот, споредено со една година преходно. Овој тренд ги вклучува и 43.000 работни места за младите, само во Албанија се создадени половина од овие работни места. Дури и со овие позитивни економски случувања, само 44 отсто од работоспособното население во Западен Балкан има работа, неактивноста на пазарот на труд остана непромента на 48 проценти и проширувањето на меѓурегионалните диспаритети на пазарот на трудот се загрижувачки. Во Косово и во Босна и Херцеговина, неактивноста се зголеми во 2019 година, со претпоставка дека повеќе луѓе го напуштиле пазарот на труд отколку што нашле работа. 

Соочувајќи се со растечки неизвесности во регионот, извештајот повикува на рапидно подобрување на јавната потрошувачка и конкуретност. Построги контроли на платите, намалување на даночната евазија и олеснувања и подобро таргетирање на социјалните бенефиции може да водат кон подобри јавни инвестиции, подобрување на еднаквостса и создавање на фискални бафери за да се ублажат растечките ризици во регионот. 

(Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили