Тепавчевиќ: При пеење и гласно зборување коронавирусот најмногу се пренесува
Објавено во: Балкан 22 Август, 2020
Во Соседна Србија регистрирани се вкупно 30.378 заразени со коронавирусот, а починаа 692 лица. Заменик директорката на Институот Батут д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска изјави дека може во наредниот период да се разгледува ублажување на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот меѓу кои и е продолжување на работното време на објектите каде има можност за работа на отворено.
„Клубовите беа вистински расадници на инфекцијата и места каде значајно не се почитуваа мерките, рече Тепавчевиќ во утринската програма на ТВ Прва.
Таа нагласи дека пеењет и гласното зборување се моменти кога вирусот најмногу се пренесува.