10 Мај, 2024
0.0275

Тевдовски: Имаме најголем годишен раст на платите од 2010 година

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии, Драган Тевдовски со позитивни резултати во однос на економските движења на Република Македонија. Според него просечната плата има раст од 1.275 денари во споредба со минатата година.

Имаме најголем годишен раст на платите од 2010 година, во јануари годинава просечната нето плата првпат надмина 24.025 денари и во споредба со јануари минатата година има раст од 1.275 денари, односно за 5,6 проценти, изјави Тевдовски на денешната прес-конференција..

Посочи на важноста на растот на платите во текстилната и индустријата за производство на облека и кожа, каде во минатото постоело второ ниво на пониска плата.

– Во кожарството има раст на просечната плата од 2.171 денар или 19 проценти, во споредба со јануари 2017 година. Во производството на облека, растот на просечната плата е 2.069 денари или 16 проценти. Во текстилната индустрија платата расте за 24 проценти, односно за 3.870 денари, изјави Тевдовски.

Според него и според бројките, економијата на РМ се движи во добра насока.

– Растот на БДП во првата и втората половина на 2017 година се како ден и ноќ. Од минус 0,7 во првата, наспроти плус 0,7 проценти во втората половина. Невработеноста падна на 21,9 проценти, а вработеноста имаше годишен раст од 14 илјади лица или 2 проценти. Нето странските директни инвестиции во четвртиот квартал изнесуваа 177 милиони евра и во јануари имавме годишен раст на индустријата од 8,4 проценти и солиден годишен раст на штедењето и кредитирањето во февруари од седум проценти, изјави Тевдовски.

На обвинувањата од опозицијата дека нема промена на нето-платата, туку само е променет методот на пресметка, Тевдовски, рече дека промената на Државниот завод за статистика е дел од континуираните методолошки подобрувања на официјалните статистики и дека со конкретната промена резултатите се базираат на вистински исплатени плати, а не на хартиени анкети, со што се добиваат поточни резултати.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“