02 Мај, 2024
0.0250

TIP OF THE WEEK® - македонскиот бренд на чекор до читателите од целиот свет

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Кампањата за финансирање на интернационалното издание на книгата TIP OF THE WEEK® вчера официјално беше лансирана на „crowdfunding“ платформата Kickstarter. Тимот кој што интензивно работи на кампањата периодов има за цел да собере 8.000 долари за еден месец кои се потребни за издавање на книгата на интернационално ниво. Изданието на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.

Заинтересираните индивидуалци и компании, можат да го поддржат овој проект со минимален износ или да бираат помеѓу понудените пакети во коишто се вклучени дигитални изданија на книгата, потпишани изданија, интерактивни картички и многу други изненадувања, во зависност од висината на влогот.

„После одличната прифатеност на Tip of the Week® Прирачниците во регионот, навистина сме среќни што преку проектот на Kickstarter  ќе можеме да допреме и до многу поширока читателска публика од светот и да презентираме уникатна перспектива на успешно работење на професионалци од Балканот. Поддршката од Македонија, регионот и дијаспората ни е навистина важна за да успееме да го позиционираме Tip of the Week® „рамо до рамо“ со светските имиња од оваа сцена. Затоа, секој којшто сака да  го поддржи овој проект и со минимален износ од еден долар, може да го направи тоа на следниов ЛИНК.“ – велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Tip of the week® е првата книга од Македонија на глобалната платформа Kickstarter на која успешно се финансирани околу 135.000 проекти од целиот свет.

Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачници за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а од оваа година и во Хрватска. Прирачниците до сега се издадени на три јазици и продадени во тираж повеќе од 20.000 копии.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор