08 Март, 2025
0.0320

ТОШКОВСКИ - НАМЕРНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТРАГЕДИЈА ОД СТРАНА НА СДСМ: „Избраа да водат некрофилска кампања“

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со остра реакција во врска со прашањата на СДСМ поврзани со случајот на Васил Јованов во затворот „Шутка“ кој добил пристап до мобилен телефон. Тошковски истакна дека во секоја правна и демократска држава, политичарите кои управувале со институциите седум години би требало да имаат барем основно познавање на нивната поставеност.

„Најмалку што може да се очекува е да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции, која е орган во состав на Министерството за правда“, рече Тошковски.

Министерот нагласи дека суштината не е во „незнаењето“, туку во нешто многу полошо – намерна злоупотреба на трагедија за собирање на евтини политички поени. „Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа“, рече тој.

Тошковски ја истакна потребата од правда, наместо политички театар. „Јавноста бара правда, а не политички театар. Навистина е срамно тоа што СДСМ и во оваа трагедија не успеа да покаже барем малку достоинство“, додаде министерот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Физибилити студија покажа дека паркингот на Клинички центар треба да биде менаџиран од приватен оператор

Мицкоски: Физибилити студија покажа дека паркингот на Клинички центар треба да биде менаџиран од приватен оператор

Охриѓанец изел паковка со дрога и завршил во болница

Охриѓанец изел паковка со дрога и завршил во болница

МВР: Возач тешко повредил инвалид во количка

МВР: Возач тешко повредил инвалид во количка

Трагедија на патот Штип - Кочани: Двајца возачи загинаа на самото место

Трагедија на патот Штип - Кочани: Двајца возачи загинаа на самото место

СДСМ: Зошто само 1 процент за државата од приходот од паркингот на Клинички?

СДСМ: Зошто само 1 процент за државата од приходот од паркингот на Клинички?

Бугарски медиуми: Се срушил дел од гранична настрешница на Деве Баир

Бугарски медиуми: Се срушил дел од гранична настрешница на Деве Баир

ОЈО: Уценувале заболекар со видео снимка за 5.000 евра

ОЈО: Уценувале заболекар со видео снимка за 5.000 евра

Сообраќајка на „Партизанска“: Две лица повредени по судир со возило на Брза помош

Сообраќајка на „Партизанска“: Две лица повредени по судир со возило на Брза помош

НИКОЛОВСКИ: Нашиот син НОА дојде дома

НИКОЛОВСКИ: Нашиот син НОА дојде дома