10 Мај, 2024
0.0269

Триглав Осигурување во 2015-та година ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав ја заврши 2015-та година во согласност со стратешките насоки. Обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година. Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Доброто работење на групацијата во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрувањето на комбинираниот коефициент, којшто се намали на 92,8% и е подобар од планираното и од резултатот во 2014-та година за 3,5 процентни поени, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%). Триглав Осигурување АД, Скопје, член на Групацијата Триглав, достигна удел на пазарот на неживотно осигурување од 18%, со што постигна раст од еден процентен поен во споредба со 2014-та година и со тоа ја задржа лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување.

Во доменот на здравственото и пензиското осигурување, сегменти чијшто развој е од особена важност, Групацијата Триглав ја превзеде Скупна покојнинска дружба, втората најголема словенечки компанија, којашто обезбедува доброволно пензиско осигурување. На минатогодишните добри деловни резултати позитивно влијаеше и порастот на премија на останатите пазари, отсуството на масовни штетни настани, но и не толку поволната ситуација на пазарите на капитал.

Раст на премијата на групацијата и јакнење на пазарните удели во останатите земји од групацијата

Групацијата во 2015-та година обезбеди 919,1 милион евра премија од осигурување и соосигурување, што е 4% повеќе од планираното и 3% повеќе од претходната година. Групацијата Триглав со 36% удел на словенчкиот пазар е убедлив пазарен лидер. Покрај матичната компанија, на овој пазар делуваат и Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба, новото зависно друштво во групацијата. Премијата на Заваровалница Триглав достигна 586,3 милиони евра (1% помалку од 2014-та година), додека пак Триглав, Здравствена заваровалница обезбеди 1% повисока премија споредено со претходната година. Во Словенија, Групацијата Триглав на пазарот на неживотно осигурување има удел од 44%, на пазарот на животно осигурување 35%, а на пазарот на здравствено осигурување 23%. Во Хрватска премијата забележа раст од 8%, во Србија 24%, а во Македонија 13%. На црногорскиот пазар растот на премијата изнесува 10%, додека пак во Босна и Херцеговина 9%.

Добар деловен резултат и подобрување на комбинираниот коефициент

Добивката на групацијата пред оданочување изнесува 102,5 милиони евра, што е 20% повеќе од планираното и 2% повеќе од резултатот во 2014-та година. Нето добивката од 88,9 милиони евра е 24% повисока од планираното и 4% повисока од претходната година. Доброто работење во основната дејност на неживотно осигурување е изразено и преку подобрениот комбиниран коефициент на групацијата, којшто се намали на 92,8% и е за 3,5 процентни поени подобар од планираната вредност и од вредноста постигната во 2014-та година, а за 2 процентни поени е подобар од долгорочната просечна целна вредност (95%).

Пазарите на капиталсе вистински предизвик

Деловните резултати зависат од различни финансиски вложувања, коишто го претставуваат најголемиот дел од вкупните средства. Поради несигурната ситуација на пазарите на капитал, со исклучително ниски каматни стапки, повратот од финансиските вложувања на Групацијата Триглав (исклучувајќи го повратот од инвестиции на оние осигуреници на животни осигурувања, кои превземаат инвестициски ризик) се намали за 16% споредено со претходната година.

Висока бонитетна оценка

Финансиската стабилност и успешното работење на Групацијата Триглав во 2015-та година беа потврдени со високата кредитна оценка “A-“ од S&P и A.M. Best. Агенцијата S&P ја подобри среднорочната прогноза од стабилна во позитивна, додека пак агенцијата A.M. Best повторно ја потврди својата позитивна прогноза. На високиот степен на финансиска стабилност укажува и вкупниот капитал,зголемен за 2% (704 милиони евра), како и растот од 11% на бруто техничките резерви на групацијата (2.600,4 милиони евра). Обете категории се гаранција и основа за врамнотежено работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците на Групацијата Триглав.

Висока адекватност на капиталот и обновена политика за дивиденда

На почетокот на 2016-та година Заваровалница Триглав започна да користи надграден систем на управување со ризици, во согласност со законските прописи од Солвентност II. Новиот режим ја менува културата на работење, воведува надграден систем на управување со ризици и го одредува вреднувањето на влијанието што одредени деловни одлуки го имаат врз профилот на ризик на осигурителната компанија, на капиталот и на финансиската состојба. Групацијата Триглав и според новите пресметки задржува висока адекватност на капиталот, којашто варира во целниот распон на адекватност на капитал на групацијата, помеѓу 250% и 300%.

Во согласност со обновената политика за дивиденда, којашто е дел од политиката на управување со капитал на групацијата, Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав предложија на Собранието на акционери исплата на дивиденда во висина од 2,5 евра по акција, а во вкупна висина од 56.837.870,00 евра. Во согласност со предлогот за дивиденда, 64% од нето добивката на групацијата за 2015-та година, т.е. 87% од акумулираната добивка на Заваровалница Триглав за 2015-та година ќе бидат наменети за исплата на дивиденди. Надзорниот одбор и Управата оценуваат дека и по исплатата на дивиденди според дадениот предлог, адекватноста на капитал на Групацијата Триглав ќе остане во дефинираниот целен распон. Тоа е од особена важност за одржување на високата финансиска стабилност на групацијата, сигурноста на нејзиното работење и успешната реализација на планираните стратешки насоки.

Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав изјави: „Позади нас оставаме година полна со предизвици, но истовремено и mnogu успешна. 2016-та година ја започнавме со силен капитал и во согласност со Солвентност II, што им овозможува на Управниот и Надзорниот одбор на Собрание на акционери да предложат исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто вредност по акција. Нашето внимание е веќе насочено кон иднината. Со оглед на овогодишните очекувани прилики, планираме деловен резултат пред оданочување на Групацијата во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија од осигурување во висина од околу 900 милиони евра и комбиниран коефициент од околу 95%. Во главен фокус ќе остане осигурителната дејност, затоа што нашата главна цел се задоволни осигуреници. Земајќи ја во предвид моменталната состојба на пазарот, ќе ја јакнеме и подобруваме понудата и ќе ги развиваме продажните канали. Воведувањето на современи технологии на сите нивоа на работењето ќе ни овозможи конкурентна предност.“

Групацијата Триглав во Македонија

Триглав Осигурување АД, Скопјее лидер на пазар, којшто го сочинуваат 15 осигурителни компании. Компанијата во 2015-та година обезбеди бруто полисирана премија во износ од 21 милион евра (1.294.416 илјади денари), што е за 13% повеќе, споредено сo претходната година. Со тоа компанијата достигна удел од 18.0% на пазарот на неживотно осигурување, со што постигна раст од еден процентен поен споредено со 2014-та година.

По повод објавувањето на ревидираниот извештај за работењето на Заваровалница Триглав и Групација Триглав за 2015-та година, главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, г-дин Ѓорѓе Војновиќ во оваа прилика изјави: „Задржувањето на лидерската позиција  е една од главните стратешки цели на Триглав Осигурување, покрај определбата за профитабилно и сигурно работење, која на нашите клиенти, вработени и акционери им обезбедува сигурна иднина. Целиме да бидеме креатори на растот на пазарот на неживотно осигурување. Тоа со себе носи и голема одговорност пред јавноста и нашите клиенти, и подразбира фокус на развој на нови производи и услуги како додадена вредност на постоечките, како и посветеност кон едукација на јавноста, со цел зголемување на свесноста за осигурување. Во таа насока, во 2015 година на пазарот воведовме производ за доброволно здравствено осигурување, поточно осигурување на специјалистичко амбулантно лекување, како одговор на потребите на пазарот, кој има извонреден потенцијал. Истото се однесува и за пазарот на животно осигурување, поради што донесовме одлука да превземеме значајна улога и во тој сегмент на осигурувањето.“

Годишниот извештај на Групацијата Триглав за 2015 година е достапен во интерактивен ПДФ формат на веб страната triglav.eu и на веб страните http://letnoporocilo.triglav.eu/2015/и http://annualreport.triglav.eu/2015/.

Триглав Осигурување Скопје

Триглав Осигурување, е дел од Групацијата Триглав, најголема осигурително-финансиска групација во Југоисточна Европа. На македонскиот пазаре  присутна од 1968 година. Континуирано има најголем удел на пазарот, и претставува водечка осигурителна куќа за неживотно осигурување. Деловната мрежа се состои од повеќе од 45 продажни места, како и со над 250 вработени. Со тоа друштвото е спремно да обезбеди комплетна и навремена осигурителна услуга – од склопување на полиси за скоро сите класи на неживотно осигурување до исплата на штети.

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќвеќе 115 години ја оправдува довербата на осигурениците дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурување и управување со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во Адриа регионот е една од водечките во Југоисточна Европа, која работи во шест држави и на седум пазари, на кои вработува 5.400 лица. Високото ниво на финансиска стабилност го потврдуваат долгорочното ниво на кредитниот бонитет иоценка на финансиската моќ »A-», со позитивна среднорочна прогноза од страна на бонитетните агенции Standard and Poor's и A.M. Best. Главните вредности на друштвото се стручноста, сигурноста, едноставноста и општествената одговорност, со мисија да градиме посигурна иднина

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните